Таа дефинитивно беше едно од најголемите изненадувања на годинешните Греми награди, а покрај со фантастичниот стајлинг, ги воодушеви присутните и со нејзиниот мотивациски говор.
Омилената Мишел Обама се појави на самиот почеток на церемонијата за да ѝ даде поддршка на годинешната водителка, ултра талентираната Алиша Кис која заврши одлична работа.
Поранешната прва дама како и секогаш изгледаше совршено во дводелна сребрена комбинација составена од широки панталони и иста кошула со ремен на половината.
Светкавиот костим што го носеше Мишел е дело на индиското дизајнерско дуо „Сачин и Баби“ со адреса во Њујорк, кои на својот Инстаграм профил објавија неколку фотографии со кои неизмерно и се заблагодарија на поранешната прва дама што ги одбрала токму нив.
Сосема очекувано, во моментот кога се појави на сцената публиката ја пречека со овации што не стивнуваа долго време, па таа мораше да ги замоли сите да се смират за да може да ги поздрави присутните.
Таа и нејзините пријателки Лејди Гага, Џејда Пинкет Смит и Џенифер Лопез говореа за тоа како музиката влијаела на нивниот живот, а Мишел Обама одржа навистина прекрасен говор.
„Без оглед дали слушаме или сакаме кантри музика, рап или рок, музиката е таа која секогаш ќе ни помогне да споделиме сè со светот – себеси, нашето достоинство и тагата, надежта и радоста. Таа ни овозможува да се слушнеме едни со други, да се повикаме едни со други. Музиката е таа која најдобро ни покажува дека сè е важно, секоја приказна со секој глас, секоја нота, секоја песна. Во право ли сум дами?“, ги праша нејзините пријателки поранешната прва дама на САД, на што доби овации кои траеја неколку минути.
NY Daily News
Подеднакво добри говори имаа и прекрасните Лејди Гага, Џенифер Лопез и Џејда Пинкет Смит, а целото видео можете да го погледнете подолу.
Инфо: Kurir.rs
Фото: Profimedia, Kurir.rs