Светски концерт на Дуа Липа во Косово

13 август 2018

Светски познатата пејачка Дуа Липа, измнатиов петок одржа концерт во Приштина, а во рамки на Sunny Hill Festival, во организација на нејзиниот татко Дукаѓин Липа.

Младата пејачката приреди вистински музички спектакл на присутните обожаватели од целиот регион.

Најпознатите хитови „Be the one", "New Rules", "One Kiss" предизвикаа вистинско лудило кај публиката, а освен нив Липа ги испеа и останатите песни од нејзиниот прв албум.

Според првичните проценки, на нејзиниот настап на фестивалот присуствуваа околу 18.000 луѓе. Впечатоците се дека светската ѕвезда изгледа одлично, а исто така и пее. Таа се појави во црвен корсет и спортски панталони.

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa) onAug 11, 2018 at 4:28am PDT

 

Со звукот и севкупно осмислениот настап, таа покажа и докажа зошто е една од најпопуларните и најпродаваните пејачки во светот. По настапот во Приштина, таа имаше концерт во Тирана, а на социјалните мрежи ги сподели и своите впечатоци од настапот на фестивалот „Сигет“ во Унгарија.

Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата од концертот во Приштина. Инаку, Дуа нагласи дека сите средства од продадените карти за концертот ќе бидат насочени во хуманитарни цели, преку ново отворен фонд на пејачката.

 

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa) onAug 11, 2018 at 7:57am PDT

 

Објавено:
13 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
593 пати