Светски тренд со домашна етикета: Елена Лука чизми до глужд за чекор со стил!

19 август 2020

Препознатлив дизајн и врвен квалитет – тоа се едни од основните постулати во работењето на модната куќа „Елена Лука“. Трудејќи се да одговорат на потребите на пазарот, а воедно да понудат производ кој ќе биде со светски квалитет, а домашна етитека, од брендот постојатно ја надградуваат својата понуда.

Чизми до глужд со нивен потпис се новиот производ кој сигурни сме ќе ги израдува дамите.

„„Golden Reins“, „ELigion“,„Impact“, се само дел од колекциите каде „Елена Лука“ покрај уникатен и артистичен дизајн на облека, модната приказна ја заокружи и со подеднакво впечатлив и привлечен дизајн обувки.

Овој пат се работи за модел кој ќе ги освои дамите од различни генерации и кој подеднакво добро изгледа и со комбинации со спортска нота, но и со оние поелегантните.

г-ѓа Елена Пандева, генерален менаџер, водечки дизајнер и сопственик на модниот бренд Елена Лука

„На модната сцена сме повеќе од една деценија и отсекогаш будно сме ги следеле и трендовите и потребите на нашите клиенти. Пласирањето обувки не е непознат предизвик за „Елена Лука“. Речиси секоја наша голема колекција, вклучувала и уникатен дизајн на обувки, кој одлично се вклопувал во остатокот од модната приказна и имал фантастичен одзив и кај публиката. Затоа, ова ни е добро познат терен, а јас и мојот тим, овој пат одлучивме и мошне посветено работевме, на конзументите на модата да им пласираме тренд кој е апсолутен хит во светот, а кој сега ќе можат да го имаат и со домашен потпис. Белите чизми до глужд се обувки кои доминираат на модната сцена, а така ќе биде и сезоната пред нас. Ние им дадовме наш смел печат, комбинирајќи ги со впечатливи бои, притоа имајќи го императивот по кој Елена Лука секогаш се води, за создавање квалитетен и препознатлив производ. Првите реакции и впечатоци кои ги добивме се одлични и се уште еден показател дека направивме одличен избор, дека создаваме парчиња за сите генерации, како и тоа  дека народот ја препознава нашата неуморна посветеност на клинетите, досегашни и потенцијални, да им понудиме врвен квалитет, удобност и дизајн што се памети“, изјави г-ѓа Елена Пандева, генерален менаџер, водечки дизајнер и сопственик на модниот бренд Елена Лука.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@elenaluka_official) onAug 18, 2020 at 6:11am PDT

Чизмите се изработени од квалитетна кожа, со анатомска влошка. Во предниот дел имаат ластик, што дополнително овозможува удобност при носењето и лесно прилагодување на ногата.

Едноставниот дизајн кој совршено прилега на женската нога, е лесно привлечен и за око.

Достапни се во комбинација со две бои – жолта и зелена и се фантастичен моден додаток кој се вклопува во различни стилови, а воедно е идеален за периодот што претстои.

Од брендот се радуваат што заокружуваат уште една нова успешна модна приказна, но и што ќе им овозможат на дамите да чекорат сигурно и со стил!

На официјалната Фејбук страна на Елена Лука и Инстаграм профил можете да ги следите новитетите и да се информирате за сè во врска со нивната работа.

Објавено:
19 август 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
665 пати