Светските топ модели владеат со насловните страници оваа есен!

27 октомври 2014

Откако Ана Винтур стана една од најдоминантните дами во модата како уредничка на американскиот Вог, улогата на супер моделите на насловните страници на магазините, видно се измени.

На новите изданија на „модната библија“ сѐ почесто можевме да видиме некои значајни личности од културата, музиката и социјалниот живот воопшто, или со еден збор наречени celebrity.

На насловните страници на магазинот можевме да видиме сѐ поголем број ѕвезди од холивудскиот шоу – бизнис, а истото беше и случај и со другите светски познати магазини како Ел, Harper’s Bazaar и уште многу други.

Со текот на времето, професиналните модели како сосема да исчезнаа од насловните страници. Овој ноември, тоа конечно се смени! Појавувањето на светските топ модели на насловните страници на магазините, особено зачести оваа есен, а во месец ноември ќе уживаме во дури седум насловни страници на светски магазини со топ модели.

На дел од нив ќе можеме да ја видиме секогаш прекрасната Наталија Водјанова која блесна во светкава креација на насловната на Вог, Алесандра Амбросио на насловната на шпанското издание на магазинот, Каролина Куркова на L’Officiel, Тони Гарн на Harper’s Bazaar и група модели на W магазинот.

Во продолжение во галеријата, ви ги пренесуваме сите насловни страници за месец ноември и една особено фантастична за јапонски Вог на која се појавува секогаш прекрасната Џоан Смолс.

Објавено:
27 октомври 2014
Категорија: 
Актуел