Свршеницата на Џорџ Клуни ќе носи невестински фустан од Александар Меквин?

5 септември 2014

Свршеницата на најпосакуваниот холивудски ерген Џорџ Клуни, Амал Аламудин очигледно е фасцинирана од венчаницата на војвотката Кејт Мидлтон, па посакува истиот дизајнер да направи слична магија и за неа.

Триесет и шестгодишната Амал која ќе го каже судбноносното „Да“ кон крајот на овој месец, била забележана како излегува од модното студио на Александар Меквин во Лондон во друштво со нејзината мајка, познатата новинарка Бариа Аламудин.

Неверојатниот тантелен фустан што Кејт Мидлтон го носеше за нејзината венчавка со принцот Вилијам, го направи креативната директорка на брендот Александар Меквин, Сара Бартон, но оттаму не сакаат да коментираат дали уникатната Сара ќе го направи и фустанот за Амал.

Според досегашните информации на американските медиуми, се шпекулира дека венчавката на најпосакуваниот маж во Холивуд, ќе се случи кон крајот на овој месец во неговата вила на езерото Комо во Италија.

Двојката овие денови изгледа позаљубена од кога и да е. Неверојатната Амал воопшто не се двои од нејзиниот свршеник, па така тие изгледаа неодоливо кога таа неодамна го посети Клуни на снимањето на рекламата за брендот Неспресо во Италија, во совршен цветен фустан од Оскар Де Ла Рента.

Објавено:
5 септември 2014
Категорија: 
Актуел