Свршувачката на принцот Хари и Меган во декември?!

24 август 2017

Постојано кружат гласини за врската помеѓу принцот Хари и убавата актерка Меган Маркл. Најновата пак е дека нивната свршувачка се планира во декември годинава.

фото извор: thesun.co.uk

Тоа го изјави за магазинот „Hello“, поранешниот главен готвач на принцезата Дајана и нејзините синови, Дарен Мекгреди.

-Навистина мислам дека тие до сега и ќе го направеа тоа. Но, годишнината од смртта на принцезата Дајана е овој месец, па не е згоден моментот. Исто така, во ноември кралицата Елизабета и принцот Филип ќе ја прослават платинумската свадба, па ниту тогаш нема да биде соодветно. Затоа, сметам дека нивната свршувачка ќе ја објават во декември, за да можат следната година да стапат во брак. Мислам дека тоа ќе се случи – вели Мекгреди.

готвачот Мекгреди; фото извор: dailymail.co.uk

Тој додава дека американската актерка е природна како што била и принцезата Дајана.

-Ако одлучи да ја побара за жена во декември, тогаш Меган ќе може да се приклучи на традиционалната прослава на семејството за Божиќ – смета готвачот.

За потсетување, Хари и Меган се забавуваат повеќе од две години, одржувакќи врска на релација Лондон – Торонто.

фото извор: eonline.com

Двојката месецов беше заедно на одмор, каде и го прославија 36-тиот роденден на актерката, по што таа замина за Торонто да ги сними последните епизоди од серијата „Suits“, благодарение на која и се прослави.

фото извор: youtube.com

Инаку, законот за Кралски венчавки од 1772 година, надополнет во 2013 година вели дека кралицата мора да ги одобри браковите на првите шест лица во редот за престолот, а на таа листа принцот Хари е петти.

Меган пред четири години се разведе од продуцентот Тревор Енгелсон.

Објавено:
24 август 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.501 пати