Свртете го љубовното тркало и добијте попуст до 70% во ЕЛЕНА ЛУКА

31 јануари 2022

Четиринаесетти февруари Валентина и Валентин го прославуваат како свој именден, вљубените го празнуваат Св.Валентин, а љубителите на виното пак наздравуваат за Св.Трифун. Како и да е, љубовта е нивниот заеднички именител. Црвената боја пак, е синоним за љубовта, а за сите оние кои симболично сакат да ги одбележат претстојните празници, ЕЛЕНА ЛУКА за време на најљубовниот месец ви подготви изненадувања.

„Вртете го нашето љубовно тркало и изненадете ги Вашите сакани со парчиња од нашата љубовна колекција" информираат од модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА.

Ваше е само да отидете на нивниот веб сајт www.ElenaLuka.com , да го завртите тркалото на љубовта и да добиете попуст до дури 70% на целиот асортиман од категоријата „Love collection".

Уникатни дизајнерски парчиња кои ја слават љубовта во симболична црвена боја, стилизирани со автентични брендирани детали и принтови, се перфектен избор со кој ќе му дадете посебна нота на денот на вљубените.

 

Дополнтелни фотографии од уникатните дизајни од колекцијата „Love collection“ на ЕЛЕНА ЛУКА погледнете во галеријата во продолжение.

 

Објавено:
31 јануари 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
756 пати