„Тајм“: 30-те највлијателни тинејџери за 2016

21 октомври 2016

Магазинот „Тајм“ ја објави годишната листа на највлијателни тинејџери за 2016 година. При изборот биле земени предвид повеќе области, глобалното влијание преку социјалните мрежи, како и генерално способноста да се пренесуваат пораки и новости.

Во продолжение погледнете дел од 30-те највлијателни:

Меди Зиглер (14)

-Ја запознавме преку спотовите на Сиа, како и реалното шоу „Dance Moms“. Годинава ја лансираше линија облека што го носи нејзиното име, а го позајми и својот глас во анимираниот филм „Балерина“, заедно со Ели Фенинг, кој допрва треба да се појави. Меди е и намладиот судија што некогаш се појавил во шоуто на „Фокс“, „So you think you can dance“

 

Саша (15)  и Малиа (18)  Обама

-Иако не даваат официјални интервјуа или не се појавуваат често јавно, ќерките на претседателот Обама се сметаат за икони на Америка. Оваа година, Саша ѝ помогна на мајка си Мишел да го промовира образованието на жените во Либерија и Мароко. Уште поважно е, според „Тајмс“, што овие две девојки со својот став, однесување, интелект и опуштеност, се примери за сите девојки, особено Афроамериканки. За нив две постои и хаштаг на социјалните мрежи #BlackGirlMagic

 

Џејмс Џарлс (17)

Повеќе од 50 години, магазинот „CoverGirl“ секогаш имал насловни страни со жени и познати дами. Сето тоа беше предизвик за Чарл, кој после месец дена ентузијастичка презентација на неговата шминка, се најде и на насловната на овој магазин, кој го нарече и првиот „CoverBoy“. Чарлс, кој сега има преку 700.000 следбеници на Инстаграм, почна да се појавува во магазините, телевизијата, дигиталните кампањи за козметички гиганти, заедно со познати личности, како што е на пример, Кети Пери.

-Се надевам луѓето ќе го видат ова и ќе се инспирираат и охрабрат во насока да се изразат себеси на начин на кој не се чувствувале удобно претходно – вели тинејџерот за „Њујорк Тајмс“.

 

Зара Ларсон (18)

Осум години после победата на шведската веријза на „Америка има талент“, Ларсон е една од најнадежните таленти во поп-музиката. Само оваа година, таа постигна огромна популарност со хитот „Never Forget You“ со MNEK и темата на Дејвид Гета за Европскиот куп „This one’s for you“. Нејзиниот последен сингл „Ain’t my fault“ е една од најпопуларните и најзборуваните нешта на социјалните мрежи.

 

Џејден Смит (18)

Иако е дете на двајца познати родители, Џејден самиот успева од своето име да направи бренд. Годинава носеше здолниште за кампањата на „Луј Витон“. Исто така, создаде и своја модна линија, што ја нарече MSFTSrep.

-Колекцијата е за девојчињата што сакаат да бидат „машкуданки“ или момчињата што сакаат да носат здолништа, а луѓето ги гледаат со осуда. Ние сме тука за вас. Раскажете ни ги своите приказни – изјави тинејџерот за магазинот „Variety“.

 

Мејси Вилијамс (19)

Вилијамс оваа година ја заработе својата прва „Еми“ номинацијата, за улогата во „Игра на тронови“. Но, покрај тоа што е нов тв-талент, таа е мошне популарна и на Интернет и сите социјални мрежи. Отворено зборува за социјални и политички теми, вклучувајќи го и феминизмот.  „Или си нормален човек, или си сексист“.

 

Малала (19)

Откако беше застрелана од страна на Талибанците во 2012 година за тоа што отоворено зборува против забраната за едуцирањето на жените, таа стана најмладиот Нобелов лауреат некогаш. Наградата ја прими на 17-годишна возраст, а е и ко-основач на „Малала фонд“ со кој им овозможува на девојчињата право на минимум 12 години квалитетни образование. Денес, освен што ја носи титулата на најпознат тинејџер во светот, исто така се занимава со активизам за човекови права, преку кој сака да ги убеди светските лидери да одвојат 1.4 милион долари годинава за едуцирање на младите бегалци.

-Помислата дека нема да можат да се едуцираат во текот на целиот живот е застрашувачка и не можам да ја прифатам - вели Малала.

 

Кајли Џенер (19)

„Како Кајли ја смени убавината“ е приказната што ја следеше насловната страна на августовскиот број на магазин „Allure“. Оваа ријалити ѕвезда, во времето на „природната убавина“ и „шминка како без шминка“, остана доследна на својата желба за експериментирање со изгледот, зголемувајќи ги усните, бојадисувајќи ја косата во необични бои кои потоа стануваа хит, а користејќи нежна шминка со впечатливи комбинации. Тоа наиде на лоши критики, па многумина сметаат дека е лош пример за обожавателите. Но, истовремено, тоа ѝпомогна да основа моќен козметички бренд, кој вклучува две успешни линии за декоративна козметика – Kylie Lip Kit и KyShadow, како и милиони следбеници на социјалните мрежи.

 

Комплетната листа на највлијателните тинејџери можете да ја погледнете тука.

 

Објавено:
21 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.406 пати