Талентирано и секси на 14 – тиот Моден Викенд Скопје

17 октомври 2016

Претстојниот есенски Моден викенд Скопје чиишто ревијален дел ќе се одржува од 30 октомври до 1 ноември во „Скопје Мериот Хотел“ кој е официјална локација на сезоната, ќе донесе 12 нови колекции презентирани под мотото на четиринаесеттата сезона „Talent is the new sex“. 

На 28 октомври, на модните вечери ќе им претходи забава во „Distrikt Bar&Kitchen“ на која гостите ќе се забавуваат со Models DJ-sets и Андреј Мицајков/Антена 5 , со официјалната водка „Absolut“. 

Сезоната есен-зима 2016/2017 на 30 октомври, ќе ја отвори колекцијата „The Great Beauty“ на Јована Филиповиќ, по што ќе дебитира „Papaz“ со колекцијата „Враќање на антихеројот“ подржани од Министерство за култура на Република Македонија. 

Потоа публиката ќе ја види најновата колекција на уникатен накит на „Sigma Jewelry“. Крајот на првата вечер ќе го заокружи колекцијата на Филип Тренчовски наречена „Birds of Pray“. 

Втората вечер ќе започне со ревијата на студентите кои се под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева од „Институтот за дизајн и инжењеринг на текстил“ на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје. Ќе следуваат ревиите на Дејан Тодоровиќ со колекцијата "Look@me", „Elize Paris“ и Олгица Ѓоргиева која ќе ја претстави колекцијата „Touch of my soul". 

Последната трета вечер публиката ќе ги види колекциите на курсистите по моден дизајн од Центарот„Кариера Плус“ : Радица Лазова, Оливер Атанасов,Ева Заева, Асмира Абази и Ивана Арсовска, под менторство на Ирина Тошева. Вечерта ќе продолжи со Марија Трајанова и нејзината колекција „ Million voices“, модниот перформанс на Ена Зафировска поддржана од „Пакомак“ и нејзините креации под името „ Black Feedback“. 

Четиринаесеттиот Моден викенд Скопје ќе се затвори со ревијата на Ирина Тошева поддржана од „Avicena“. 

Генерален покровител и официјална вода на настанот е минералната вода „Пелистерка“. Официјален партнер за шминка сезонава е „Gosh“, а за фризурите ќе се погрижи „Lakme“. 

Официјален дерма бјути партнер е „Vichy", официјално возило на настанот е „Porsche“, а официјално вино - „Камник“. Парфемите кои ќе ја одбележат сезоната доаѓаат од „Bellina“. За најдобра нега на кожата се грижи „NovAge Oriflame“. 

На насловната страница на новиот каталог за која „Fashion&Friends“ и Музејот на современата уметност во Скопје се појавуват како партнери на Моден викенд Скопје, се младите актери Стефан Вујисиќ, Наталија Теодосиева, Владимир Петровиќ и Билјана Јовановска. 

„Беше предизвик и задоволство да се биде дел од проектот кој направи симбиоза меѓу талентот, модата и актерството. Нашата генерација актери е генерација на слободни, силни, млади луѓе и се надеваме дека нашите дела и во иднина најгласно ќе зборуваат“, велат заштитните лица на Моден викенд Скопје 14. 

„Теа Модерна“ како еден од медиумските покровители на настанот, ќе одбере најдобар дизајнер на четиринаесеттиот Моден викенд Скопје според нивната редакција, и ќе му обезбеди насловна страница и интервју во едно од своите изданија.

Објавено:
17 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
881 пати