Тејана Тејлор прогласена за најатрактивната жена на светот

14 јуни 2021

Машкиот магазин „Максим“ секоја година во ова време ја објавува својата листа на 100 најатрактивни жени на светот.

На врвот на листата годинава се најде Тејана Тејлор, која воедно стана и првата црна жена во историјата на магазинот која доби вакво признание.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MAXIM (@maximmag)

Покрај со убавината, Тејлор го привлекува вниманието на јавноста, а и на луѓето од шоу-бизнисот со својот талент за танц, кореографија, актерство и музика.

Таа неодамна оствари улога во филмот „Coming 2 America“, а се „шушка“ дека ќе ѝ припадне и улогата на Дион Ворвик во биографската серија за оваа позната пејачка.

Инаку, како корегорафка и танчарка, досега соработувала со ултра популарни светски имиња меѓу кои и Бијонсе, Канје Вест, Џеј Зи...

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MAXIM (@maximmag)

 

Нејзиниот последен албум „The Album' е излезен во 2020 година и се најде на осмото место на листата на најпродавани албуми на магазинот „Билборд“.

На телевизијата „Е!“ има и свое реално шоу „We Got Love Teyana & Iman“, кое го работи заедно со својот сопруг.

Изборот на „Максим“ веројатно уште повеќе ќе придонесе за нејзината популарност во наредниот период.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MAXIM (@maximmag)

„Го следам „Максим“ со години и отсекогаш ми беше желба да се најдам на нивната насловна страна. Многу ми значеше кога го добив повикот и кога слушнав дека сакате да направите приказна за мене и да ме фотографирате“, изјави Тејана за споменатиот магазин.

За потсетување, во 2020 беше прескокнат изборот, а во 2019 за најатрактивна жена беше прогласена Оливија Кулпо.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MAXIM (@maximmag)

 

 

Објавено:
14 јуни 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
931 пати