Тексашки дух во новата продавница на Гвинет Палтроу

21 ноември 2014

Нека започне вашиот божиќен шопинг! Новата Goop продавница на Гвинет Палтроу е отворена за сите обожаватели.

Дизајнерката Мишел Нусбаумер направи вистинска уметност од новата поп – ап продавница на актерката во која нејзините клиенти можат да уживаат во уникатниот ентериер и единствени производи.

Палетата на бои во речиси целата продавница е во нијанси на крем, кафено и розово, со шармантни додатоци како цвеќиња, интересни полици и многу додатоци. Поп ап продавницата е надополнета со интересни соблекувални во кои низ целиот простор се поставени огледала, кристални светилки и уникатни полици од висококвалитетен челик.

„Дизајнирањето за Goop беше вистинско патување и неверојатно задоволство. Просторот беше надополнет со фантастичните парчиња што клиентите можат да ги најдат во продавницата во Тексас, кои се како создадени за празничната сезона. Во овој простор, можам да замислам среќни лица кои со коктели во рацете ги избираат новогодишните подароци за своите најмили“, вели дизајнерката која направи вистинска уметност од просторот. Во рамки на продавницата, клиентите ќе можат да уживаат и во одличното кафуле и мини – бар во кој ќе бидат послужени специјалитети како пилешка салата и зачинета супа од домати во кој ужива и самата Гвинет.

Погледнете како изгледа новиот простор на Goop во Тексас од кој знаеме дека ќе бидете воодушевени.

Објавено:
21 ноември 2014
Категорија: 
Актуел