Текстилниот кластер ги однесе своите членки на бизнис средби во Копенхаген

8 август 2014

Текстилното Трговско Здружение на Македонија-Текстилниот кластер во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, а поддржана од SIPPO - Швајцарската програма за промоција на извозот, организираа учество на B2B настанот за време на одржувањето на Меѓународниот моден саем (CIFF) во Копенхаген, кој се случуваше од 2-ри до 6-ти месецов. CIFF е најголемиот моден саем во Северна Европа. На настанот осум компании од текстилната индустрија од Македонија имаа можност да се запознаат со нови купувачи од Северна Европа, да ги откријат најновите трендови и да отворат можност за пристап до Скандинавскиот моден пазар.

Палетата на производи на саемот CIFF е: женска, машка и детска облека и модни додатоци и обувки. Инаку на површина од 40 илјади метри квадратни се претставуваат безброј брендови. Според соопштението од официјалната страна на Текстилното трговско здружение на Македонија, средбата ќе овозможи унапредување на инвестирањето и извозот.

Објавено:
8 август 2014
Категорија: 
Актуел