Телохранителот на Макрон - францускиот Рики Мартин

26 април 2018

Вака американските медиуми пишуваат за еден од телохранителите на француската претседателска двојка Макрон. Емануел и Брижит Макрон пристигнаа завчера во Вашингтон, а нивното доаѓање предизвика големо медиумско внимание.

Но, покрај стилот на првата дама, политичките аспекти на посетата, она за што се коментира се телохранителите на двојката. Едниот од нив на фотографиите има црни очила за сонце, а поради ставот и облеката на многумина им заличи на Томи Ли Џонс од филмот „Луѓе во црно“, додека неговиот колега, со впечатливи усни и смеѓа коса е наречен францускиот Рики Мартин.

Иако обезбедувањето речиси и да не се забележува, овој пат сите погледи се вперени таму. Оваа вест за забава привлече внимание повеќе од очекуваното.

Ви се допаѓа ли вам францускиот Рики Мартин?

 

фото:dailymail.co.uk;

Објавено:
26 април 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.647 пати