Тик Ток направи платформа за вработување

15 мај 2021

Популарната социјална мрежа Тик Ток се впушта во нова гранка од работењето. Се работи за нова платформа која ќе служи за вработување, која во моментов ја тестираат одредени големи брендови, но и некои професионални спортски лиги.

Оваа плафрома не е дел од Тик Ток апликацијата, но е поврзана со неа. Така, луѓето кои бараат работа можат да ја погледнат листата на слободни позиции што ги нудат компаниите. Кога ќе ја најдат онаа што ги интересира, кандидатите имаат шанса да го запознаат работодавачот со своето знаење и искуство, но не преку класичнa професионална биографија и мотивациско писмо, туку преку праќање на соодветно Тик Ток видео.

Истото видео тие можат да го објават на својот Тик Ток профил, за дополнително да се промовираат. 

Инаку, младиот Џулијан Бејс е мајстор за специјални ефекти, кој благодарение на своите Тик Ток видеа успеа да го привлече вниманието на компанијата Дизни, и да се вработи таму. Ова е само еден од примерите, а челните луѓе на платформата најдоа одличен начин да ги задржат своите корисници.

Објавено:
15 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
306 пати