Тилда Свинтон е стилска божица на црвениот килим во Кан

20 мај 2017

Холивудската актерка Тилда Свинтон важи за една од најдобро облечените дами во филмската индустрија. Секогаш прецизна, одмерена и посебна.

Блесна и на црвениот килим на актуелниот Кански филмски фестивал, на премиерата на филмот „Окја" кој важи за едно од најконтроверзните остварување на овогодишниот фестивал, а во кој Тилда ја толкува главната улога заедно со Џејк Гиленхал.

Носеше креација на Хајдер Акерман, монохроматски дводелен комплет со минималистичка силуета во светло зелена боја, пеплум сако со тенко ременче околу струкот и женствено здолниште со шлиц на преклоп.

 

Објавено:
20 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
785 пати