Тимот на „Вовед во Анатомија“ донира медицински материјал за борба против вирусот

30 март 2020

Во САД состојбата со коронавирусот сè повеќе ескалира, а стручните лица велат дека во оваа ситуација ќе се покажат сите несовршености на тамошниот здравствен систем.

Со цел што подобро да се справат со оваа ситуација, на Америка помош ѝ пружија тимовите на некои од најпопуларните медицински серии.

Тимовите на „Вовед во Анатомија“, како и нејзиниот производ, серијата „Станица 19“, објавија дека на локалните болници и медицински центри ќе им донираат стотици маски, ракавици и други ресурси кои се користат како елементи во костимографијата и реквизити кои се користат за време на снимањата.

„За среќа, од „Станица 19“ можеме да донираме околу 300 потребни N95 маски за локалната пожарникарна станица. Од залихите на „Вовед во анатомија“, имаме костими и ракавици, кои исто така ги донираме. Неизмерно сме им благодарни на здравствените работници во текот на овие тешки времиња, а покрај овие донации, својот придонес ќе го дадеме така што ќе останеме дома“, вели за „Добро утро Америка" една од сценаристите на сериите, Криста Верноф.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by klaw (@karen.ll.law) onMar 18, 2020 at 12:27pm PDT

Во оваа акција се вклучија и тимовите од другите серии. Така „Добриот доктор“, донира во болниците во Ванкувер, додека „Нов Амстердам“ ќе им помогне на дел од болниците во Њујорк. Екипата на „Специјализант“ ги прати своите резерви на Атланта, каде што и се одвива снимањето на серијата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kimberly Crandall (@kimberlycrandall) onMar 26, 2020 at 9:44am PDT

Оние што ја следат програмата на „FOX Life“, сигурни сме дека точно знаат за кои серии се работи, а ако не, ова можеби ќе биде повод да почнете да ги следите, додека траат препораките да останеме дома.

Објавено:
30 март 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.479 пати