Тиркизен „Евросонг“ килим: Констракта како Меган Маркл, албанската претставничка со најекстравагантен стајлинг

9 мај 2022

Во Торино вчера се случи свеченото отворање на годинашното издание на „Евросонг“.  Како налага традицијата, делегациите на земјите учеснички зачекорија по тиркизниот килим, а тоа беше добра можност и модно да ги одмерат силите.

За Македонија стартот на овој музички фестивал започна со огромен скандал, откако нашата претставничка Андреа, непромислено го фрли сувенир - знамето на под, по молбата на тамошните фотографи да се фотографира без него. Во исчекување на епилогот од случката, која и МТВ остро ја осуди, да видиме како останатите земји се претставија на оваа тиркизна патека.

Српската претставничка Констракта го привлече вниманието во исклучително елегантна комбинација, посебно инспиративна за оние што преферираат минимализам, со рамни обувки. Имено, таа се појави во панталони, кошула и наметка во бела нијанса, кои ги искомбинира со црвени балетанки. Посебно внимание привлече шапката, за која многумина шпекулираат дека инспирацијата ја нашла токму во Меган Маркл, која ја споменува и во песната.

Зад овој стајлинг на Констракта стои брендот „Mom's Pants“, односно дизајнерката Јелена Ѓокиќ. За српското издание на „Ел“ таа објасни како дошло до соработката.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by WANTED! (@wanted.rs)

„Нашата костимографка и стилистка, фантастичната Ивана Кесиќ, со која и порано сме соработувале, ме контактираше. Ни се обрати со барање нашата комплетна комбинација од последната колекција „Welcome to NY“ да ја носи уметницата Ана Ѓуриќ - Констракта за вечерното појавување на отворањето на Евросонг. Да бидам искрена, пет пати го прочитав мејлот за да бидам сигурна дека добро сум го разбрала прашањето. Среќата беше немерлива! Тоа секако беше првиот чекор, подоцна имавме проби како и создавањетo на сите парчиња по мерка на Ана. Неизвесноста траеше со денови, додека не дојдовме до идеалниот изглед, во кој вечерва уживаме. Би сакала пред се' да ѝ се заблагодарам на Ивана, што од мноштвото домашни дизајнери, довербата ни ја даде токму нам. Исто така, би се заблагодарила и на Ана што ја изнесе комбинацијата на прекрасен начин и секако мојот тим, без кој не би можела да го направам овој изглед да биде по мерка на светско случување“, вели дизајнерката за познатиот моден магазин.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@moms.pants)

Инаку, костимографката Ивана, како пренесуваат српските медиуми, се одлучила Констракта да носи исклучиво српски дизајнери и дизајнерски куќи, со цел промоција на земјата. Констракта на евровизиската турнеја, веќе се појави во впечатливи палацо панталони од дизајнерката Александра Лалиќ (ЛалицА), кои привлекога големо внимание. Во нејзини креации се појавија и пратечките вокали, а како пренесуваат тамошните медиуми, стилистката подготвила изненадување на сцената. Инаку, во комбинациите во кои се појавува Констракта се вклучени десетина мали и поголеми српски брендови. 

Српската делегација покажуваат доследност во приказната која ја започнаа во Србија, а каков ќе биде крајниот пласман, останува да видиме.

Кога се останатите претставници и делегации во прашање, меѓу најекстравагантните појавувања на килимот ги има и албанската претставничка Ронела.

Taa носеше впечатлива креација и уште повпечатлива шапка од албанска дизајнерка. Всушност, шапките се нејзиниот „печат“ кога се евровизиските појавувања во прашање, а во прилог на тоа говори и видеото во продолжение. Привлекува внимание и изгледа интересно:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by RONELA (@ronelahajatiofficial)

Италијанскиот претставник се појави во розови широки панталони, додека пак шведската претставничка Корнелија, имаше транспарентен фустан и волуменозна наметка.

Погледи привлече и претставникот од Австралија, кој се појави како гроф во бело, додека претставниците на Грузија изгледаа како четирите мускетари.

Шпанската претставничка носеше одличен корсет и огрмна црвена наметка. Мора да забележиме дека повеќето претставници се одлучија за ретро естетика и маски, па на социјалните медиуми се појавија шеги дека црвениот килим е како тематска забава, односно маскенбал.

За потсетување, првата полуфинална вечер ќе се одржи утревечер. Настапот на Андреа е закажан за 12 мај, под редниот број 11, но со оглед на новонастанатите случувања, нејзиниот настап е се' уште неизвесен. Инаку, за нејзиниот изглед во целата евровизиска приказна се грижи дизајнерката и стилистка Цаци Паковска.

Финалето е закажано за 14 мај.

Во продолжение погледнете како изгледаа и останатите претставници на тиркизниот килим:

водителите

Хрватска

Бугарија

Кипар

Чешка

Финска

Франција

Белгија

Грција

Исланд

Ирска

Израел

Италија

Латвија

Литванија

Малта

Молдавија

Црна Гора

Холандија

Норвешка

Норвешка

Словенија

Шведска

Украина

 

 фото: evrovision.tv;

Објавено:
9 мај 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
15.909 пати