Титула за Македонија на Мис Евроазија: Убавата Анастасија блесна во ЕЛЕНА ЛУКА на финалната вечер

20 јуни 2022

Уште една титула за македонската убавина.

18-годишната Анастасија Божинова ја освои титулата Втора придружничка на изборот за Мис на Евроазија 2022 кој вчера вечер се одржа во хотелот „Титаник Мардан Палас" во Анталија, Турција.

За приликата, Анастасија блесна во прекрасна црвена тоалета од нашиот етаблиран моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА. Впечатлив гламурозен дизајн, во елегантен крој со висок, странично поставен шлиц – уникатната тоалета одлично ѝ прилегаше на нашата претставничка, ставајќи ја во фокусот на вниманието.

Во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија победи претставничката на Бугарија, а титулата Прва придружничка ја освои Мис Казахстан.

Преубавата Анастасија е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина, кој оваа година се одржа по 17ти пат.

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
20 јуни 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.688 пати