ТМФ прославува 55 години јубилеј со завршна ревија на студентите на моден дизајн

15 јуни 2014

Технолошко-металуршки факултет на 19-ти јуни оваа година слави јубилеј 55 години од основањето на факултетот. Оваа свеченост одговорните на факултетот решија да ја прослават со организирање на традиционална забава и коктел во дворот на ТМФ која ќе кулминира со завршна модна ревија на студентите по моден дизајн под менторство на дизајнерката и професорка Лидија Георгиева.

Најавата за одржувањето на една ваква јубилејна свеченост и претходеше една мала увертира на првиот Фестивал на цвеќето кој се одржа во Градскиот парк на 17-ти мај.

Студентите заедно со нивната менторка имаа изложено модел креација која беше во својство на тизер за она што ќе претстои на 19-ти јуни.

„Моделот што е изложен тука денеска е дел од ревијата што ќе се одржи на 19-ти јуни по повод 55 години роденден на Технолошко-металуршкиот факултет. Годинешната тема е „Земјата планета мајка“, а тоа значи дека студентите ќе ги третираат елементите земја, вода, воздух и оган, метал и дрво. Дел од нив одбраа да го третираат цвеќето. На тема цвеќе имавме повеќе работи, освон дизајните кои се изложени овде во паркот, се изработуваат и други модни додатоци специјално за ревијата. Цветните венчиња ќе бидат дел од ревијата“, ни откри Георгиева.

Објавено:
15 јуни 2014
Категорија: 
Актуел