Том Форд: 20 работи што треба да ги поседува секој маж

10 јули 2019

Американскиот дизајнер Том Форд важи за еден од најдотераните. Препознатлив по скапите одела, кои ги практикува во речиси сите пригоди, сепак во неговиот гардеробер има место и за џинс, лежерни маици...

Токму овој дизајнер состави листа на модни парчиња, модни додатоци, како и нешта за убавина, кои треба секој маж што држи до себе да ги поседува.

Ова се супер совети и за мажите што нè читаат и за дамите што сакаат да го подобрат стилот на своите партнери:

1.Добро кроено темно одело

2. Класични црни чевли на врзување

3.Црни мокасини

4.Совршени темни фармерки

5.Блејзер

6.Многу бели памучни кошули

7.Нови чорапи и долна облека (фрлајте ги старите на секои шест месеци и заменете ги со нови)

8.Класичен смокинг

9.Убав дневен часовник со метално ремче

10. Вечерен часовник со кожно ремче

11. Совршени очила за сонце

Но, и...

12. Добри манири

13. Хумор

14. Колонска вода која ќе стане ваш заштитен знак

15. Грицкалка за нокти

16. Пинцета

17. Огледало

18. Четкичка за заби

19. Течност за уста

20. Совршени заби - ако ги немате, заштедете и направете ги.

Објавено:
10 јули 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.015 пати