Том Форд ја подготвува својата прва машка колекција

13 ноември 2015

Претстојната 2016 година, ќе донесе големи промени за Том Форд. Имено, дизајнерот веќе ја подготвува својата прва машка колекција која ќе биде промовирана во јануари.

Познатиот креатор кој важи и за еден од омилените на светските ѕвезди, имаше и неконвенционална промоција на својата пролет-лето колекција за 2016, кога наместо со класична ревија, ја промовираше со видео во кое главната улога ја имаше лејди Гага.

Веројатно, тоа беше само најава за сите идни нови проекти на кои ќе работи Форд.
Најпознатиот агент, Џејмс Бонд во последните две продолженија на филмот, носи одела потпишани токму од Форд, па дали е ова насока во која размислува дизајнерот и во неговата прва машка колекција, останува да видиме во јануари.

Објавено:
13 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
329 пати