Том Форд повторно го облече Џејмс Бонд

4 септември 2015

Тајниот агент Џејмс Бонд заслужено го доби статусот на модна икона, а дел од заслугата секогаш му се препишува на дизајнерот кој е со него во заедничка мисија.

Том Форд и Џејмс Бонд се покажаа како одличен тандем, па нивната соработка продолжува и во следниот филм насловен „Spectre".

Даниел Крег, кој повторно ќе го толкува ликот на агентот, ќе носи шест различни стајлинзи со потписот на Форд, специјално дизајнирани за него. Изгледите вклучуваат костуми, вечерни одела, маички, вратоврски, очила – сите рачно изработени во Италија.

Ова е трет пат како Форд е дел од мисијата на 007. Претходно ги дизајнираше костумите за агентот во „Skyfall " и „Quantum of Solace".

Светската премиера на филмот е закажана за 26 октомври во Лондон.

Инаку, Даниел Крег кој по четврти пат ја игра улогата на Џејмс Бонд, во интервју за Esquire зборува за можноста дека нема повторно да се врати во оваа улога.

„Навистина не знам. Искрено. Не се обидувам да ја резервирам улогата. Во моментов не можам ни да ја замислам", вели актерот во интервјуто.

Објавено:
4 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
812 пати