Том Форд во официјално писмо до Доналд Трамп: На модната индустрија ѝ треба поддршка веднаш!

24 март 2020

Претседателот на Советот на модните дизајнери на Америка, дизајнерот Том Форд, со официјално писмо му се обрати на американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да побара круцијална финансиска помош за модниот сектор како една од најзначајните економски гранки на американската индустрија, неминовно подогена од кризата предизвикана од пандемијата.

Својата загриженoст и потребата од итност, дизајнерот ја оправдува со фактот што токму модниот сектор е еден од највлијателните во економијата на САД, со вредност од 400 милијарди долари и 4 милиони вработени во малопродажната сфера.

„Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA), ја подвлекува потребата од итна, критична поддршка и работи на пристап за олеснување на федерално и локално ниво", се вели во писмото на Форд до претседателот Трамп, претставувајќи ја CFDA како една од 90-те индустриски здруженија кои побараа помош.

Дизајнерт за магазинот WWD вели дека како и повеќето индустрии, моднот бизнис трпи големи штети во секој сектор, поради пандемијата.

„Нашите снабдувачи трпат големи загуби, а и синџирот на снабдување буквално е во застој, откако целиот свет е ставен во карантин", вели дизајнерот и додава дека сликата секојдневно се менува и е речиси невозможно да се предвиди колкава ќе биде штетата во економијата и особено во модниот бизнис.

Том Форд очекува дека во пакетот стимулативни мерки на државата што обезбедува 1,6 билиони долари, ќе биде вклучена и модната индустрија. Пакетот требаше да биде одобрен во недела навечер, но процедуралното гласање на Сенатот го врати назад на преговори.

Извор: WWD

Објавено:
24 март 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
401 пати