Томи Хилфигер малку ќе ве следи, па малку ќе наградува

31 јули 2018

Томи Хилфигер успеа да го привлече вниманието кон себе, но не само поради фактот дека има нова колекција, насловена како „Tommy Jeans Xplore“.

Се работи за спортски парчиња во кои дизајнерот одлучи да вклучи и иновативна технологија. Поточно, во маиците, тренерките, јакните и останатите парчиња што ја сочинуваат колекцијата се вметнати блутут (bluetooth) чипови. 

Целта е да се има увид во тоа кој, каде и колку чести Хиилфигер облека. Ваквиот чекор на дизајнерот наиде на поделени мислења. Додека едните го сметаат за исклучително паметен чекор и иновативен, од друга страна се оние што сметаат дека „следењето“ е преминување на границата на вкусното и на приватноста.

Од брендот се „правдаат“ со тоа дека на овој начин сакаат да создадат група на амбасадори на брендот, а најверните обожаватели на брендот, кои постојатно ќе ја носат нивната облека, ќе следат изненадувања. Исто така, потенцираат дека приватноста е загарантирана и дека собраните податоци ќе бидат строго чувани.

Со носењето парчиња се собираат поени, кои подоцна можат да бидат „конвертирани“ во парчиња од новите колекции, попусти, посета на ревии од брендот и слично, но за сега уште не е детално објаснето како тоа точно ќе функционира. 

Во случај, некој да сака да се „исклучи“ од чипот, може да го стори тоа по пат на апликациија специјално создадена за тоа, но на тој начин ќе ги загуби сите дотогаш собрани поени.

Без разлика на тоа како ние ја доживуваме, во САД е веќе во продажба, а наскоро ќе се видат и првите резултати од новиот чекор на „Хилфигер“, како и тоа до каде луѓето се подготвени да одат за бесплатна облека, подароци или попуст.

фото и извор: uk.businessinsider.com

Објавено:
31 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
155 пати