ТОП 5 ленени фустани од ЕЛЕНА ЛУКА – совршени за ова лето

22 јуни 2022

Лето е идеална сезона за лен.

Природен и пријатен материјал во кој летните денови и на највисоки температури се пријатни.

ЕЛЕНА ЛУКА во својата актуелна летна линија му даде совршена модерна интерпретација на ленот и дизајнираше прекрасни, а истовремено удобни за носење ленени фустани.

Женствени, секогаш проткаени со уникатна нишка карактеристична за ЕЛЕНА ЛУКА, ленените фустани од овој наш етаблиран бренд се уникати кои со задоволство би ги носеле оваа сезона.

Интересно е тоа што покрај безвременските земјени тонови и секогаш актуелната бисерно бела, ЕЛЕНА ЛУКА понуди и впечатливи ленени фустани во свежи, енергични нијанси како зелена, азурно сина и розова, што особено ова лето се тенденција што ги обои модните улици низ светските метрополи.

Ние одбравме ТОП 5 фаворити, естетски различни, но подеднакво атрактивни ленени фустани со препознатливиот дизајнерски печат на ЕЛЕНА ЛУКА.

Дамски, елегантен фустан во суптилен А крој, во безвременската бела боја – избор со кој никогаш нема да погрешите. Акцентиран со ремен околу струкот и со стилски сламен шешир, го имате совршениот стајлинг за ова лето.

Женствен миди фустан, во А линија што идеално може да се прилагоди на сечија фигура. Струкот е потенциран со брендирана трака што му дава дополнителна впечатливост. Уште една предност е што лесно може да го адаптирате и во дневни и во вечерни комбинации, што го прави не само привлечен и впечатлив, туку и практичен и функционален.

Една од омилените нијанси за ова лето – свежа, интензивна зелена боја која носи убава атмосфера во уличната мода. А кога е во спој со романтичен, мини фустан во лежерна линија – резултатот е совршено летно дизајнерско парче. Во зависност од тоа дали ќе го комбинирате со патики, сандали или високи потпетици, може да го стилизирате за различни пригоди. Во секоја варијанта, ова е перфектен избор за лето.

 

Микс од неколку актуелни тенденции во едно дизајнерско парче. Мини кошула-фустан, во привлечна азурно сина боја. Особено впечатлив го прават кројот и асиметричните исечоци, што ова лето се вистински моден хит.


Романтика во своето најсовршено издание. Миди фустан во кафена нијанса, во чиј крој главниот акцент е на карнерите. Во делот на ракавите и здолништето, карнерите кои важат за една од водечките тенденции, го прават карактиристичен и впечатлив овој дизајн што совршено и прилега на секоја жена во секоја пригода.

Сите дизајнерски парчиња се достапни онлајн, на е-продавницата на ЕЛЕНА ЛУКА или во ателјеата на брендот во Скопје и Струмица.

Објавено:
22 јуни 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.656 пати