Топ модели во Берлин ќе носат креации на Секирарски

6 ноември 2014

sekirarski

Македонскиот дизајнер Ненад Секирарски ќе биде дел од манифестацијата No 1 Model of the World за избор на најдобар женски топ модел, која ќе се одржи задутре, 8-ми ноември, во Берлин. Негови креации ќе бидат презентирани во официјалниот дел, а непосредно пред неговото заминување за Германија ни откри дел од деталите.

- Моделите ќе се представат во неколку аутфити пред стручното жири составено од креатори, стилисти и скаути. Поради спецификите на изборот, бидејќи се работи за High Fashion Models, беа поставени неколку стандарди по кои фустаните мораат да бидат изработени. Еден од условите е да бидат во специфични бои, како што се жолтата и црната, бои кои се во логото, но исто така и со својот сензибилитет и транспарентност, да можат што подобро да ја доловат фигурата на моделот и да ја прикажат во најдобро светло – објаснува Секирарски.

APS_9930-650x430

Тој додава дека колекцијата се состои од 15 елегантни фустани инспирирани од интимата на будоарите и крилјата на пеперутките.

- Со тоа сакав да направам спој на нежното, сензуалното, женственото, на моменти и нестварно. Слоевитост во тантелата, доработка со многу детали, и женствента издолжена силуета се специфичните нешта кои во секоја колекција се провлекуваат, но нагласениот сексапил и еротичноста во овие модели е нешто што ја разликува оваа од предходните. Боите што доминираат се црна, жолта, бела, златна и црвена – открива дизајнерот.

Инаку, на натпреварот No1 Model of the World за женски топ модели се очекува да учествуваат оклу 15 модели од целиот свет. Целта е да се круниса вистинскиот модел кој во себе ги има сите квалитети и вредности како шарм, харизма, фотогеничност, убав од, но и други лични и карактерни вредности. Девојката која на крајот ќе ја добие титулата добива и големи одговорности, но и договор од 6-12 месеци со модната агенција како и парична награда.

Објавено:
6 ноември 2014
Категорија: 
Актуел