Крај за Топшоп во Америка!

27 мај 2019

Крај за Топшоп во Америка. Познатиот британски ланец на продавници соопшти дека ги затвора сите продавници низ САД кои важат за едни од најпознатите и најомилените.

Според Би-Би-Си, групацијата во чија сопственост е Топшоп, Аркадија Груп е онаа која издала наредба да се затворат сите 200 продавници, а првиот човек на групацијата Иан Грабнер изјави дека ова е тежок, но неопходен чекор. Со оглед на тоа што групацијата неодамна прогласи банкрот, овој чекор беше и повеќе од очекуван.

Овој чекор доаѓа неколку месеци откако Бијонсе која ја „продаде“ нејзината линија Ајви Парк на брендот, го раскина договорот со Топшоп по обвинувањата за сексуално злосторство против првиот човек Филип Грин.

Музичката ѕвезда за кратко направи договор со Адидас, како следен бренд каде ексклузивно ќе се продава нејзината линија насловена по ќерката Блу Ајви.

Според Би-Би-Си, производите на Топшоп сè уште ќе бидат достапни онлајн за сите купувачи. Инаку, Топшоп ја отвори првата продавница во Њујорк во 2009 – тата, а оттогаш отвори и во Лос Анџелес, Мајами, Лас Вегас, Хјустон и Чикаго.

Во нивните продавници се вработени повеќе од 800 лица, а брендот сè уште не ги соопштил официјалните датуми за затворање на продавниците.

Банкротот на групацијата и затворањето на продавниците на брендот се резултат на веста за сексуално злоставување од страна на првиот човек на брендот објавена минатата година.

ctv news

Инфо: Harper's Bazaar

Објавено:
27 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.193 пати