Традиционална семејна фотографија на Бекамови и нова колекција на Викторија

22 септември 2020

Лондонската модна недела завршува денес, а во рамки на истата својата нова колекција ја претстави и Викторија Бекам.

Без публика, само во присуство на своето семејство, дизајнерката ги презентираше парчињата за следната сезона.

Сепак, она за што прво се зборуваше беше новата, традиционална семејна фотографија што ја прават при одржувањето на Лондонската модна недела.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) onSep 21, 2020 at 8:26am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) onSep 21, 2020 at 12:51am PDT

На фотографијата ги немаше Бруклин и неговата свршеница Никол, но секако вниманието овој пат отиде кај Ромео и Харпер. Коментарите најмногу беа поврзани со тоа дека Ромео е младата верзија на Бекам, додека Харпер ги освои сите, појавувајќи се во цветно фустанче и маска од истиот материјал.

Викторија носеше парчиња со нејзин потпис, препознатливиот крој панталони и елегантна бела кошула, додека Дејвид Бекам, кого инаку сме навикнале да го гледаме најчесто во костуми и поелегантни изданија, овој пат се одлучи за полежерна варијанта, применувајќи го за многумина најомразениот тренд - бели чорапи и влечки.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) onSep 21, 2020 at 1:13pm PDT

Како и да е, тие уште еднаш се претставија како складно семејство кое се радува на сечиј успех.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by David Beckham (@davidbeckham) onSep 21, 2020 at 9:47am PDT

Кога е колекцијата во прашање, Викторија одлучи презентацијата да ја направи во една лондонска галерија, а љубителите на модата имаа можност дигитално да ја проследат.

За следната пролет, дизајнерката направи спој на неколку стилови кои се одраз и на нејзината личност. Во тие дваесетина комбинации таа внесе елементи од деловнит стил, сексапил, елеганција но и лежерност.

Фармерки со благи ѕвонести ногавици по кои е препознатлива повторно се тука, во комбинација со мантили, блузи... Нежните фустани на прерамки кои зрачат сексапил се посебно впечатливи, како и оние со набори.

Беж нијансите доминираат, во комбинација со кафени, црни, но и неонска зелена. Бекам и овој пат не отстапува од тоа нејзините парчиња да се со таква естетика што лесно може да се вклопат во секојдневието на жените.

Погледнете:

Објавено:
22 септември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.465 пати