Трансформација: Оливија Вајлд како жена од 1950 и изгледа фантастично!

10 јануари 2020

Актерката Оливија Вајлд ја краси насловната страна на специјалното издание на „Инстајл магазин“ насловено како „The Badass Woman Issue“.

Целата фото-сесија по овој повод е направена во стилот на 1950-тите, годините кога почнува доминантниот пробив на жените во Холивуд и генерално филмската уметност.

Вајлд изгледа одлично на фотографиите, кои го следат интервјуто кое ѝ го прави актерката Бини Фелдштајн, која ја толкува една од главните улоги на првиот филм на Оливија како режисер, насловен „Booksmart“.

Во разговорот тие се осврнуваат на жените во Холивуд, нивната моќ, односно на жените од кои Вајлд учела. 

„Да предизвикате некого да се сфати сериозно е неверојатна работа. Јас ја пренасочив мојата кариера од актерство на режија на 27 години, а го режирав мојот прв филм на 34 години. Пресвртот може да се случи на било која возраст. Стивен Спилберг еднаш рече дека како режисер, не смееш да дозволиш другите да ти го видат стравот. И тоа ти дозволува да манифестираш самодоверба. Тоа е исто како кога сум со децата во авион и ќе почнат турбуленции. Јас сум првата што вели: „Ова е супер, баш е забавно!“ и после тоа се чувствувам посмирено“, вели Вајлд.

Таа додава дека во професионалниот свет се води по онаа дека работите треба да ги правиме само онака како што ние умееме.

„Кога нешто ќе допреш или ќе почнеш да правиш, ќе биде поинакво од било чија туѓа работа. Фелини не беше заштитнички настроен кон своите сценарија. Ќе речеше: „Ќе ти го пратам, ама ти нема да го направиш мојот филм“. Ми се допаѓа тој концепт, бидејќи те води до тоа да создадеш нешто оригинално“, потенцира Оливија.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by instylemagazine (@instylemagazine) onJan 9, 2020 at 5:31am PST

Во разговорот кој ја нагласува способноста и моќта на жените, двете актерки позборуваа и за мајката на Вајлд, Лесли Кокбрн, која е успешен новинар, со неверојатна кариера, а притоа се натпреварувала да се најде и на чело на конгресот. На прашањето како изгледа да се расте со така успешна жена, Оливија ќе рече:

„Мајка ми постигна големи успеси на млада возраст. Таа беше една од првите жени признаени од Јејл, стана новинарка во време кога жените требаа многу да се трудат за да бидат препознаени, а на 65 години одлучи да влезе и во политика. Иако не победи, таа беше достоинствена. Таа ги скрши предрасудите и го отвори патот на жените на многу начини, така што немаше сомнение дека тоа е возможно и за мене. Во другите семејства најчесто ќе слушнете како велат: „Јас сум првиот од семејството што отиде на колеџ“, а јас се шегувам дека сум прва во семејството која не го направи тоа. Бев жедна за животно искуство. А притисокот да станеш актерка на така млада возраст беше исклучително голем. Се сеќавам дека на една забава се запознав со Скарлет Јохансон. И двете имавме 16 години. Таа веќе снимаше филмови, а јас си мислев: „Ух, многу сум назад“, па се фатив за работа. Инаку, и Џејсон (партнерот на Вајлд) не одел на колеџ, така што веќе сме подготвени дека децата ќе ни речат дека не сакаат да одат. Но, јас секако ќе ги охрабрам да одат“, вели актерката.

Во интервјуто ќе се осврнат и на стилот и како тој се развивал низ годините. Вајлд во почетокот носела само ролки, без разлика на која пригода треба да оди, но како се развивала кариерата, така почнала модно да се освестува и да се прилагодува, иако ќе рече дека џинсот со низок струк, патики и маица ѝ се омилените нешта и денес, бидејќи во нив се чувствува млада, а и удобно ѝ е. 

Сепак, колку и да не препочита гламурозна облека, на црвениот килим секогаш изгледа беспрекорно, па в важи за една од најдобро облечените ѕвезди. А дека може фантастично да се трансформира, доказ се и овие фотографии:

 

фото извор: @holly.cinema; @instylemagazine; @laurabrown99;

Објавено:
10 јануари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.143 пати
Тагови: 
Оливија Вајлд