Трета среќа за брендот Пако Рабан

5 август 2013

Џулиен Досена тукушто стана новиот креативен директор на Пако Рабан, трет во само три години. Веќе во септември дизајнерот ќе ги претстави своите креации во рамките на модната недела која ќе се одржи во Париз.

Џулиен Досен

„Задоволни сме со изборот, новите, радикални и иновативни идеи ќе овозможат една свежина во толкување на стилот на Пако Рабан, кој од своја страна пак, ќе ни овозможи во светот да се претставиме како водечки бренд“, изјави претставник од модната куќа за медиумите.

Во својата кариера Досена освои престижни награди и признанија. Во периодот од 2008 и 2012 тој беше и дизајнер за модната куќа Баленсијага, каде ја имаше честа да работи покрај Никола Гескиер.

Ревијата на Paco Rabanne за пролет-лето 2013/14

„Среќен сум што можам да бидам дел од овој бренд, кој може да се пофали со уникатно културно наследство и творечки опус кој и денес засенува на модните писти. Отсекогаш сум бил фасциниран од пристапот и креативниот дух на Пако Рабан. Тоа што ме именуваа за креативен директор е голема чест за мене, но и одговорност, која се надевам ќе ја оправдам“, изјави дизајнерот.

Објавено:
5 август 2013
Категорија: 
Актуел