Трговијата со крзно „тежи“ 40 милијарди долари

28 март 2014

Интернационалната федерација за крзно објави официјални податоци според кои продажбата на крзнените продукти чини 40 милијарди долари, а според статистиките од 2012 и 2013 година, крзнената индустрија вработила повеќе од еден милион луѓе.

„Лесно е кога преовладуваат емоциите, но за нив нема место во бизнис секторот ако се земе во предвид фактот дека трговијата со крзно е камен темелник за економската стабилоност во Европа и пошироко. Голем дел од модната индустрија го користи овој продукт и тоа во големи количини“ – изјави лицето за односи со јавност на Инатеранционалната федерација за крзно, Марк Оатен.

Иако е општо познато дека најголеми корисници на крзното се токму италијанските модни куќи, сепак трендот се повеќе е застапен и во останатите модни метрополи. Изгледа дека рекламните кампањи и податоци против крзнената индустрија не и можат ништо на оваа машинерија која „тежи“ 40 милијарди долари.

Објавено:
28 март 2014
Категорија: 
Актуел