Три документарни филма за Карл Лагерфелд

19 февруари 2019

Модниот свет, а и сите љубители на дизајнот денеска ги потресе веста за смртта на легендарниот дизајнер Карл Лагерфелд.

Тој после кратко боледување, почина денес во болница во Париз, но сета уметност преточена во мода и креации го прават да живее засекогаш.

Ако сте љубител на креативноста и работата на Карл, во продолжение ве потсетуваме на три документарни филмови за неговиот живот, работа и генијалност.

Lagerfeld Confidential

 Документарец од 2007 година, кој се осврнува на раниот живот на дизајнерот, турбулентното време во Германија, но и периодот кога се преселува во Париз, како тинејџер кој сака да успее во модниот свет. 

 

 

Masters of Beauty, Karl Lagerfeld

 Ова е документарен филм од 90-тите, каде се зборува за животниот стил на модниот гениј, како и неговите почетоци, но и најблескавите моменти дотогаш.

 

Во 2016 година излезе уште еден документарен филм насловен како „Karl Lagerfeld: A Lonely King“, а повеќе за тоа има на линкот ТУКА

Исто така, „Дојче Веле“ минатата година направи документарен филм, и тоа по повод неговиот 85.роденден со цел што повеќе луѓе да можат да посведочат на неговата генијалност. Истиот денеска е повторно објавен со жалење за неговата смрт и фактот дека модната индустрија и воопшто уметноста губат голем ум и уметник. 

На овој документарен запис ве потсетуваме во продолжение:

 

Објавено:
19 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
242 пати