Три нови кралски портрети за 40 роденден на Кејт Мидлтон

9 јануари 2022

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, го прославува 40 роденден, а токму по тој повод се направени три нови портрета, на кои изгледа навистина убаво.

Зад фотографиите се потпишува италијанскиот фотограф Паоло Роверси, а Кејт носи три фантастични фустани од модната куќа „Александар Меквин“.

Со малку ретро нота, а со многу елеганција, гламур и префинетост - токму тоа се нештата кои сакале да ги претстават преку фотографиите, а со тоа да ја претстават и Кејт на прагот на новата животна деценија.

Раскошните креации се надополнети со дискретен накит, но со многу симболика.

На црно-белата фотографија, Мидлтон носи дијамантски обетки во комбинација со бисер, кои претходно ѝ припаѓале на принцезата Дајана, додека пак во црвениот фустан, носи дијамантски обетки од кралицата Елизабета.

Со тоа оддава чест на жените кои се мошне значајни на британското семејство, јавноста, но и нејзиниот сопруг Вилијам.

Сите три фотографии ќе бидат сместени во постојаната колекција на Националната галерија на портрети, а претходно ќе бидат изложени на три локации кои токму Кејт ги одбрала и кои имаат посебно значење за неа.

Се работи за Беркшир - местото каде што го поминала своето детство, Сент Ендрјус - местото каде што студирала, го запознала и ја започнала врската со принцот Вилијам и Енглси - местото каде што таа и Вилијам живееле непосредно и на почетокот од бракот.

Како ви се допаѓаат портретните фотографии?

Објавено:
9 јануари 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.390 пати