Трибека фестивал: Џеј Ло секси во тоалета на Том Форд на премиерата на „Halftime“

9 јуни 2022

Џенифер Лопез беше ѕвездата на црвениот килим на отворањето на 21-то издание на филмскиот фестивал Трибека во Њујорк, каде воедно и го промовираше нејзиниот документарен филм „Halftime".

Во секси црна тоалета со транспарентни исечоци, дизајн на Том Форд, 52-годишната Џеј Ло даде уште поатрактивна нота на првата вечер на етаблираниот филмски фестивал.

„Сѐ уште не сум го гледала финалниот проект. Нервозна сум, но и возбудена и не би го поромовирала филмот на ниту едно друго место, освен тука. Па еве сме", изјавила Лопез пред премиерата на документарецот, кој инаку носи симболичен наслов што реферира на тоа дека таа вушност е и на половина пат во својата кариера и има уште многу пред себе.

Во режија на Аманда Мишели, а во продукција на Netflix, филмот обработува различни сегменти од кариерата и приватниот живот на Џеј Ло и како таа балансира меѓу едното и другото, додека се подготвува за нејзиниот настап на полувремето на Супер Боул во 2020 година.

Netflix ќе започне со прикажување на филмот на 14ти јуни.

Инаку филмскиот фестивал Трибека, кој веќе изгради сериозно фестивалско реноме, во 2002 година го основаа Роберт де Ниро и Џејн Розентал, со цел да го ревитализираат Њујорк по терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.

Објавено:
9 јуни 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
626 пати