Тројца познати фотографи ќе ја создаваат новата кампања на Луј Витон

15 мај 2014

05vuitton_cnd-articleLarge

Брус Вебер, Ен Лебовиц и Јирген Телер се тројцата познати фотографи кои ќе бидат задолжени за првата кампања на Никола Гескјер како креативен директор на Луј Витон. Во улога на главни ѕвезди пак ќе се најдат актерката Шарлот Генсбург, како и манекенките Лија Кебебе и Фреја Беха Ериксен, кои беа дел и од дебитантската ревија на дизајнерот во март.

Инаку, 43-годишниот Французин на позицијата на креативен директор на Луј Витон се најде по зминувањето од Баленсијага во ноември 2012 година, наследувајќи го Марк Џејкобс, а долгоочекуваната ревија за ресорт коелкцијата ќе се случи задутре (сабота), во Монако.

Брус Вебер, Ен Лебовиц и Јирген Телер

Објавено:
15 мај 2014
Категорија: 
Актуел