Твитер корисничка насмеа стотици жени: Како моето тело треба да изгледа во ова?

24 јуни 2021

Доволно е макар еднаш да побарате костим за капење на Интернет и да почнат да ви излегуваат десетици реклами на истата тема.

Токму тоа ѝ се случило и на една твитер корисничка @alanna, но во морето костими за капење вниманието ѝ го привлекол еден со високо „сечен“ долен дел. 

Нејзиното прашање: Како моето телот треба да изгледа за ваков костим за капење? предизвика голем интерес, но и креативни решенија.

Стотици коментари разбуди дискусијата, а се појавија и цртежи и гифови како одговор на нејзиното прашање.

Жените се согласија дека овој модел на костим за капење е смешен и дека цената од 11 долари сосема му одговара.

Воедно, пронајдоа и други смешни модели (смешни, ако ги замислите на реално женско тело). 

На крајот една корисничка најде фотографија од посочениот костим на капење на манекенка, со што само се потврди нивната констатација дека овој модел не е за реални женски тела и дека со ова само се зголемува фрустрацијата и нереалните очекувања за тоа како жената треба да изгледа.

За среќа, жените кои беа вклучени во оваа дискусија почувствуваа повеќе хумор и смеа, отколку фрустрација и незадоволство, но факт е дека поентата е на место - некои модели на костими за капење навистина треба да останат само на фотографија.

Објавено:
24 јуни 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.266 пати