Уапсени модели - не носеле марама

17 мај 2016

Осум девојки се уапсени минатата недела во Иран, со образложение од тамошните власти дека нивното позирање за фотографиите на социјалната мрежа Инстаграм било „неисламско".

Имено, уапсените биле следени во операцијата наречена „Spider2", која била спроведувана изминативе две години, а таргетирала жени кои ја покажувале својата коса односно не носеле марама додека позирале за социјалните мрежи.

До сега, иранските власти идентификувале повеќе од 170 популарни профили на Инстаграм на ирански жени кои на оваа мрежа објавувале свои фотографии или туторијали за шминка или фризура, а притоа не носеле марама и против нив се покренати кривични постапки.

Објавено:
17 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.785 пати