Убавицата на натпревар ја загуби круната бидејќи е разведена

7 април 2021

Натпревар за убавина во Шри Ланка тргна наопаку на самиот крај откако беше прогласена победничката.

Мисицата Пушпика Де Силва во неделата беше прогласена за Мис Шри Ланка, но моменти подоцна, круната и' беше одземена.

Де Силва се радуваше неколку моменти на победата, сè додека не дојде победничката од 2019 година на сцената. Таа цитираше правило дека победничка на натпреварот мора да биде мажена, а не разведена, па насилно и' ја тргна круната од глава. Додека Де Силва понижено си заминуваше од сцената, круната ја доби првата придружничка. 

Де Силва подоцна на социјалните мрежи напиша дека таа сè уште не е разведена и дека ниту една жена кон друга жена не би требало да се однесува така. Жирито и' ја врати титулата.

Меѓу коментарите околу видеото и целата оваа ситуација, фановите на изборот го напаѓаат и жирито, кое требало да направи подобра проверка на кандидатките при селекцијата, а не да дозволуваат вакви ситуации на понижување да се случуваат

Објавено:
7 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
852 пати