Убавината не познава килограми

14 ноември 2014

Поголем дел од челниците во светската модна индустрија сè уште не можат да ги постават стандардите и вистинската перцепција во однос на тоа кои пропорции се  дефинираат plus-size, а кои на топ-модел.

Додека постои таа лабилно поставена стандардизација, американското издание на реномираниот Вог, уште еднаш отскокна со реализацијата на  едиторијал насловен „Најдобрата долна облека е во сите големини“. Како и поентата од насловот, тематиката вклучува модели со облини кои самоуверено и гордо ги покажуваат своите телесни аномалии, имајќи на себе парчиња долна облека.

Marquita Pring Marquita Pring

Пораката што успешно успеаја да ја пренесат е дека убавината не познава килограми, туку доаѓа од внатрешната енергија. Со широки насмевки на своите лица, нагласија дека секоја жена со себе носи доблести и маани што ја красат индивидуалната убавина на поинаков начин.

Пред фото-објективот тие ја пронајдоа својата комфорна зона, од каде крајниот резултат во форма на моден едиторијал има перфектна завршница. Моделите со облини во изјава за престижниот магазин велат дека жените со повеќе килограми и големи гради, постојано се справуваат со проблемот во наоѓање на соодветен број на градник.

Candice Huffine Candice Huffine

Токму поради тоа, тие укажаа гласен апел кон произведувачите и брендовите, дека не секоја девојка и жена има идеални манекенски пропорции,а изедначениот третман кон сите припаднички на понежниот пол е и повеќе од потребен.

Објавено:
14 ноември 2014
Категорија: 
Актуел