Учениците од СОУ „Таки Даскало“ ја завршија годината со модна изложба

16 јуни 2021

Оваа година беше голем предизвик за сите кои беа инволвирани во наставниот процес.

Но, за учениците од текстилно-кожарската струка, квалификација- техничар за дизајн на облека во средното општинско училиште „Таки Дасакло“ од Битола, онлајн наставата не беше пречка да ја изразат својата креативност во текот на целата учебна година, а практичната настава се одвиваше со физичко присуство и според протоколот за заштита од пандемијата.

„Остваривме многу соработки со локалната заедница, работилници, проекти, учество на натпревари.... Успеавме да ги реализираме сите зацртани цели, и да го претставиме текстилниот смер во поинакво светло, да го подигнеме на повисоко ниво“, велат од училиштето.

Крајот на школската година е крунисан со изложба со дела изработени од учениците од III година, која се состои од скици за модни колекции и модни дизајни кои се изработени од самите ученици во текот на практичната настава.

Во продолжение погледнете дел од нивната креативност:

 

Објавено:
16 јуни 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
432 пати