Украдена чанта од салон на Сен Лоран вредна 30 илјади долари
•
12 април 2014
Кражбите во дизајнерските салони станаа зачестена појава, а последна „жртва“ на грабеж е продажниот салон на Сен Лоран во Чикаго. Од модните парчиња и додатоци кои се украдени, највредна била чантата модел „Sac de Jour“, која чини 30. 000 долари.
Дека крадците многу добро знаеле што да понесат со себе, говори и фактот што станува збор за уникатен модел на корална чанта изработен од егзотична кожа, која била изложена во овој салон бидејќи во Чикаго се најверните, но и најбогати купувачи. Вкупната штета е проценета на 100. 000 долари, а тажна вест за сите трендсетерки е дека нема да имаат можност да го поседуваат ова уникатно парче.