Украдени 50 дизајнерски парчиња на Балман пред почетокот на Париската модна недела

18 септември 2023

Модната куќа Балман остана без 50 дизајнерски парчиња пред почетокот на модното шоу во Париз.

Се верува дека камионот којшто ја носел облеката е украден, а по инцидентот на својот Инстаграм профил се јави и креативниот директор Оливие Рустенг.

"Толку многу луѓе напорно работеа за да ја создадат оваа колекција. Ќе направиме повторно сè, ќе работиме деноноќно, но ова е навистина срамно. Ве молам внимавајте, гледате во каков свет живееме. Ве сакам мој Балман тим и не се предаваме."

Модната куќа треба да ја прикаже својата колекција пролет-лето 2024 на 27 септември.

 

Објавено:
18 септември 2023
Категорија: 
Актуел