Украинските стјуардеси ги заменија здолништата и потпетиците со панталони и патики - но не се единствени

19 октомври 2021

Украинската авиокомпанија SkyUp изминативе денови е во фокусот на јавноста откако соопшти дека стјуардесите кај нив нема да бидат присилени како униформа да носат тесни здолништа и високи потпетици, туку ќе можат да се одлучат за покомфорна опција.

Тоа значи дека на работното место ќе можат да носат и комплети - палто и панталони, како и патики. Промени има и во односот на кројот, па според новите „правила“, кројот на сакото не мора да е исклучително тесен, туку комотен.

 

Новата одлука, која дојде на одобрување не само од фелата, туку и од јавноста, велат ја донеле по спроведувањето на истражување кај вработените од женски пол. 

Тие биле искрени и отворено признале дека не се чувствуваат најудобно во тесната униформа, која не  само што не е комфорна, туку и премногу го истакнува нивното тело.

Дополнително, посебно се радуваат на фактот дека потпетиците ќе можат да се заменат со патики, бидејќи како велат, не постои стјуардеса која нема проблем со нозете.

Една од нив е и Александрина Денишенко, која веќе 7 години работи како стјуардеса, и која истакнува дека секогаш посакувала за минутка одмор после долгите часови на високи потпетици за време на лет.

„Високите потпетици изгледаат убаво, не велам не, но стапалата страдаат и отекуваат до крајот на летот. Патиките се сосема кул, смета Александрина.

За изработката на новите униформи бил задолжен украинскиот бренд „Гуду“, а поради бојата и марамите мораме да признаеме дека изгледот не потсетува на Ермес кампања.

Од компанијата отстранија и други, како што велат, конзервативни елементи во изгледот на стјуардесите, па на стјуардесите им е дозволено да имаат и поопуштени фризури. 

Иако ваквиот чекор на украинската авиокомпанија заслужува аплауз, сепак мора да се напомене дека не е единствената која вовела вакви промени.

Холандската компанија KLM во 2010 воведува панталони во 2010 година, а истото го прави и „Бангкок Ервејс“ во 2011 година. Три години подоцна, во 2014 година, „Витџин Атрлантик“ по совет на Вивиен Вествуд воведува панталони како дел од униформа за стјуардесите. 

„Ер Индија“ отстапи од класичниот дрес-код во 2015 година, заменувајќи го традиционланото сари со панталони. 

Во 2016 година „Бритиш Ервејс“ и „Алиталија“ ги менуваат правилата, па жените во авиокомпаниите почнуваат да носат панталони на работното место. 

„Јапонија Ерлајнс“ исто така отстапи од стандардите, па нивните стрјуардеси од 1 април 2020 година можат да носат и панталони, како и различни типови обувки. Оваа кампања која се проширила на национално ниво била поттикната од феминистката и активистка Јуми Ишикава, а довела до историска промена.

Aer Lingus

Кон почетокот на минатата година „Аер Лингус“ исто така ја претставија новата униформа, која за првпат вклучува и панталони како опција. Во 2019 година пак, средноисточната авиокомпанија „Етихад“ направи измина со која и стрјуардесите, а не само канцелариските работнички, се во можност да носат панталони.

Многумина на овие промени гледаат како на остварување на женски права, а воедно и на родова рамноправност.

Инаку, украинските стјуардеси ќе почнат да ја носат новата униформа на 22 октомври 2021 година

 

Објавено:
19 октомври 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
761 пати