Во Њујорк една улица ќе биде именувана по еден од најзначајните дизајнери на современата модна индустрија , Оскар де ла Рента, кој почина во октомври минатата година.
„Тој беше генијален во својата работа. Никој не го заслужува ова повеќе од него“ изјави градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио за американските медиуми.
Оскар де ла Рента
Се’ уште не е познато конкретно која улица ќе го добие името на дизајнерот, омилен меѓу жените, но оваа иницијатива е дел од планот за промена на називите на 56 улици и јави објекти во градот.
Дизајнерот ја започна својата кариера со облекување на поранешната прва дама на Америка и модна икона Џеки Кенеди во 1960 – тите, потоа дизајнираше фустани за Принцезата од Велс, Дијана, а пред да замине создаде гламурозни креации за голем број холивудски дами. Последниот фустан кој го изработи беше венчаницата на Амал Аламудин, сопругата на актерот Џорџ Клуни.