Ориентални цвеќиња и насликани черепи и длабоки погледи на небесно сини очи. Ума Турман и Кото Болофо се совршена двојка која заедно за првпат реши да ја реализира фотосесијата за долго очекуваниот Campari Calendar 2014.
Турбан со етно елементи и кимоно, атрибути кои не потсетуваат на смртоностниот танц од легендарната сага за Kill Bill. Славната актерка заблеска како ѕвезда во кралско издание на 12 месеци зачинети со црвена страст. Болофо инспириран од своето потекло, реши на еден суптилен, софистициран, гламурозен и крајно женствен начин да ни го доближи мултикултурализмот.
„Јас особено ја почитувам годинешната тема, бидејќи ми дава можност со сите љубители на Campari да го споделам светот на страста со многу стил“, изјави хероината на многу филмски остварувања, Турман.
Неизбежниот долг црвен фустан, корсетот, зачинети со турбанот и кимоното, елеганцијата наспроти племенска афричка жена. Контраст на култури и традиции одлично доловени од вештото око на фотографот Болофо, кој вели: „Дополнително ме инспирираше традицијата која Campari, ја негува од година во година, создавајќи имагинарен и интензивен свет на мода и убавина. Се надевам дека ќе ви се допадне“.