Уникатни матурски креации за беспрекорен изглед со потпис на Елена Лука

4 март 2019

Во ателјеата на модниот бренд Елена Лука веќе пристигна специјализираната линија на фантастични, уникатни свечени аутфити, во пресрет на матурските прослави.

Доколку и вие се подготвувате за вашата матурска вечер и веќе размислувате за идеалниот стајлинг, тогаш топло ви препорачуваме да ја разгледате секогаш уникатната понуда на Елена Лука.

Земајќи го в предвид различниот сензибилитет и личен стил на матурантките, Елена Лука креираше автентични варијанти на матурски комбинации, секоја со посебна, а исклучително впечалива естетика.
Во секоја од креациите е присутен препознатливот дизајнерски шарм и луксуз на Елена Лука, што во комбинација со изборот на беспрекорни материјали, бои и дезени, создаваат совршена целина.

Издвојуваме три впечатливи креации од актуелната понуда, во чиј дизајн се имплементирани неколку пролетни тенденции како што е асиметричниот крој и металик нијансите.

-Впечатлив фустан во асиметричен крој во златна варијанта, со висок страничен шлиц

-Романтичен фустан со миди должина, изработен од ексклузивен материјал во металик нијанса, со потенциран струк со црна сатенска лента во форма на панделка

-Уникатен мини фустан кај кој посебен печат остава вториот слој изработен од тул во асиметричен крој, рачно навезен со композиции од сребрени мониста

 

Објавено:
4 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.283 пати