Уникатниот Андреа Инконтри е новиот креативен директор на Tod’s

24 јуни 2014

Одличниот моден бренд Tod’s го ангажираше одличниот италијански дизајнер Андреа Инконтри за нов креативен директор на брендот.

Иако тој беше супервизор и на пролет/лето 2015 колекцијата што брендот ја претстави во рамки на Миланската модна недела, неговото официјално претставување како дел од брендот ќе биде со лансирањето на колекцијата есен/зима 2015.

„Доаѓањето на Андреа во нашиот тим, дефинитивно ќе ги збогати нашите машки колекции и ќе им даде на нашите клиенти уште поголема понуда, особено кога станува збор за ready to wear колекциите“, изјави Диего Дела Вале, извршен директор на брендот.

Говорејќи за неговата нова позиција, Инконтри посочи:

„Тоа што станав дел од бренд како што е Tod’s е голема чест за мене и истовремено и огромен предизвик. Квалитетот и вистинскиот италијански стил се нешто што овој бренд особено го цени, а истите се и дел од мојата лична визија за модерниот маж на денешницата. Мојата цел е да ги развијам уште повеќе овие вредности на брендот со тоа што секогаш ќе ја имам на ум важноста на корените на брендот со неверојатно богата историја и одлична уметност во делата“, изјави Инконтри.

Во продолжение погледнете ја одличната пролет/лето 2015 колекција на модниот бренд што беше прикажана во рамки на модната недела за мажи во Милано.

Објавено:
24 јуни 2014
Категорија: 
Актуел