Уникатно: Новиот бутик на Долче и Габана е со дигитални фрески

27 јуни 2019

Долче и Габана отворија нов бутик во Рим. Но, тоа не би била толку спектакуларна вест додека не ја видите внатрешноста.

Архитектонското студио „Карбондале“ имало за задача да направи ентериер кој ќе биде инспириран од античкиот период, а она што го прави уникатен овој простор се и дигиталните фрески. 

„Целта на продавницата е да го рефлектира градот како синоним за величественост и уникатност“, велат од студиото.

Фреските се со грчките богови Херкул и Атина, а покрај ова, просторот е исполнет и со 59 столбови, две куполи, секоја декорирана со рачно изработени пристени и камен мозаик и други уникатни аритектонски решенија.

Инаку, бутикот се простира на 800 метри квадратни на два ката. 

-Рим е барокен град, изграден од уметници и архитекти како Боромини и Бернини и нивните креации се карактеризираат со хиперреализам. Дизајнерите сакаа да ја оживеат оваа барокна инспирација на современ начин", рекоа архитектите.

А со ова модното дуо уште еднаш покажа нешто ново, за нив мошне својствено и уникатно.

Ви се допаѓа ли?

 

фото извор: dezeen.com;

Објавено:
27 јуни 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
327 пати