Уникатно шоу: „Баленсијага“ направи ревија со „Симпсонови“

4 октомври 2021

Париската модна недела деновиве имаше навистина впечатливи модни шоу-а, но веројатно ниту едно како она на „Баленсијага“.

Имено, од модниот бренд направија ја прикажаа новата колекција за пролет-лето на мошне необичен и интересен начин.

Ревијата се одвиваше на црвениот килим, а новите парчиња ги презентираа пријатели, вработени и професионални модели. Сите тие прошетаа како холивудски ѕвезди, под светлата на блицовите на десетици фотографи.

Но, оваа реинтерпретација на холивудски црвен килим, имаше и свое продолжение и беше само вовед во она што следи.

Гостите и моделите ги очекуваше прикажување на филмот. Или барем мислеа дека така ќе биде додека на филмското платно не го здогледаат Хомер Симспон.

Никој не го очекуваше ова, па оттаму и овој потег на тимот на „Баленсијага“ стана полн погодок во поглед на маркетинг, презентација и вирален момент.

Имено, авторите на познатиот анимиран американски ситком, биле повикани од тимот на француската модна куќа да креираат специјална мини епизода посветена на „Баленсијага“.

Марџ сонува да има фустан од Баленсијага, а Хомер сакајќи да ѝ ја исполни роденденската желба, нарачува еден фустан од познатиот бренд.

Поради високата цена, Марџ ќе мора да го врати, но ќе се заблагодари за 30-те минути во животот кога се чувствувала така посебно. Ова ќе го допре крееативниот директор Демна Гвасалија,, кој ќе одлучи лично да го посети Спрингфилд, кој важи за најдепресивниот американски град и да го спаси.

А како ќе ги спаси? Така што ќе ги однесе во Париз и познатите жители на градот стануваат модели на неговата последна колекција, која ја презентира пред Ана Винтур. Ако внимателно го гледате видеото, ќе забележите дека и Ким Кардашијан и Канје Вест добија свое место и коментар во мини-филмот.

Како точно изгледа приказната, а и шоу-то можете да видите во продолжение:

Ова е одличен пример за тоа како поп-културата се поврзува со модата и како ако се направи на вистинскиот начин, може да биде совршен спој.

 Воедно, Баленсијага повторно ги избриша сите претходни објави на Инстаграм профилот, за тој да биде отстапен само за најновата колекција.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Balenciaga (@balenciaga)

 

Објавено:
4 октомври 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
379 пати