Уште два нови концерти на Каролина со Македонска филхармонија

24 јануари 2019

Со оглед на тоа дека двата концерта на Каролина и Македонската филхармонија се одамна распродадени и многу нејзини фанови се останати без влезници, од „Авалон“ продукција информираат дека е одлучено да се одржат уште два завршни концерти на Каролина со оркестарот на Македонската филхармонија, на 20-ти и 22-ри февруари, на исто место.

Овие концерти претставуваат пресек во кариерата на Каролина и веруваме дека ќе биде вистинско задоволство да се види и слушне како тоа ќе изгледа заедно во комбинација со оркестарот на Македонската филхармонија.

Влезниците по цена од 1.000 денари се веќе во продажба онлајн на avalon.mk и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија.

 

Објавено:
24 јануари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
304 пати